Македонскиот репрезентативец од еден заминува во друг турски клуб

Даниел Аврамовски веќе нема да игра за Кајсериспор и кариерата ќе ја продолжи во Гиресунспор. Македонскиот интернационалец го немаше ниту на клупата на вчерашниот меч на Кајсериспор и тоа беше јасен сигнал дека се вистинити најавите за трансфер во тимот кој вечерва гостува кај Алањаспор.

Аврамовски, кој има 26 години, за Кајсериспор одигра 24 меча и имаше два гола и три асистенции. Некогашниот играч на Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Црвена ѕвезда, ОФК Београд, Олимпија, Војводина и Вардар има и четири настапи во дресот на македонската репрезентација.

Новиот клуб на Аврамовски нема ниту еден бод по три кола во турската Суперлига, а нема дадено ниту гол.

- Оглас -

Најнови вести