Македонскиот репрезентативец верува во победа над Селтик, а коефициентот за тоа е огромен

Екипата на Сараево утревечер на свој терен ќе игра против Селтик во меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Шампионот на Босна и Херцеговина по вторпат за две сезони ќе игра против шкотскиот гигант. Минатото лето овие две екипи играа во квалификациите за Лигата на шампионите, а Селтик во двете средби беше подобар, и тоа со 3:1 на гости и 2:1 во Глазгов.

Сепак, сега се игра само еден меч, во кој Сараево има шанси да се реваншира за ланските порази. Македонскиот репрезентативец Крсте Велковски, кој е капитен на Сараево, верува дека сега може да се случи чудо.

„Подготвени сме и со нетрпение го очекуваме дуелот кој може да го донесе толку посакуваниот исчекор на клубот во Европа. Знаеме дека имаме армија верни навивачи и минус за нас ќе биде тоа што ќе играме пред празни трибини. Сепак, сите ние играчите ќе се бориме да одиграме најдобро што можеме. Свесни сме дека не очекува тешка битка, но ние веруваме дека можеме да се пласираме во групната фаза од Лигата на Европа“, рече Велковски во пресрет на утрешниот меч на „Билино поле“.

 

- Оглас -

Најнови вести