Македонските надежи до 21 година победија на гости кај Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година славеше на гостувањето кај Ерменија со 2:0 во меч од квалификациите за пласман на ЕП. По еден гол во двете полувремиња дадоа македонските надежи, во одбраната беа одлични и на крајот заслужено се радуваа на победа.

Мартин Ѓоргиевски, кој во игра влезе во 25-тата минута на местото на повредениот Дураков, беше стрелец на погодокот за 1:0, и тоа од пенал во 45-тата минута. Во вториот дел беше неизвесно до 76-тата минута, кога Адмир Љатифи зголеми на 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Со оваа победа Македонија У21 ја прекина низата од четири победи и сега стигна до шест бода во квалификациската група, што е доволно за петтата позиција, зад лидерот Полска, потоа Италија, Црна Гора и Шведска, а пред Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести