Македонските навивачи тргнаа во поход: Палермо почна да се бои во црвено и жолто (Фото)

Македонската фудбалска јавност одбројува до почетокот на еден од најважните мечеви во репрезентативната историја. Македонија в четврток, во Палермо ќе игра против Италија, во бараж-мечот за пласман на Светското првенство во Катар.

Еден меч кој мора да даде победник, што ќе игра во финалето на баражот за пласман на Мундијалот, а предизвикот не може да биде поголем. Актуелниот европски првак Италија, која низ историјата има и четири планетарни пехари, ќе треба да ја победиме на нејзин терен.

Иако на гости, Македонија ќе има поддршка од трибините. Се очекува на стадионот да има околу 1.500-2000 македонски навивачи. Во Палермо веќе пристигнаа првите фанови, а аеродромот во Палермо почна да се бои во црвена и жолта боја.

- Оглас -

Најнови вести