Македонските претставници ќе одиграат ефикасни натпревари во Европа, Тиквеш нема да загуби од Брејдаблик (Фото)

6894 Тиквеш – Брејдаблик (20:30)

Екипата на Тиквеш вечерва ќе дебитира на меѓународна сцена со мечот против исландскиот Брејдаблик во Конференциската лига. Гостите од Исланд, кои минатата сезона ја елиминираа Струга во плејофот и се плсираа во групната фаза, се во мала фаворитска предност, но кавадарчани играат на домашен терен и пред својата публика и сигурно ќе сакаат да се претстават во вистинско светло и нема да му дозволат на противникот да си замине со целиот плен од Националната арена во Скопје.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2.16)

 

6898 Ноах – Шкендија (18:00)

Екипата на Шкендија иако беше носител во квалификациите за Конференциската лига, сепак доби тежок ривал во амбициозниот ерменски проект, Ноах. Ерменците летово го ангажираа најдобриот фудбалер на тетовската екипа, Ерландо Чинари, па головите на овој натпревар нема да недостасуваат. Шкендија игра отворен фудбал, а домашната екипа ќе мора да нападне за да дојде до поволен резултат пред реваншот во Скопје.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)

 

6839 Висла Краков – Лапи (20:30)

Полскиот претставник, Висла Краков, е голем фаворит против освојувачот на Купот на Косово, Лапи од Подуево. Домашните на овој натпревар ќе сакаат што е можно порано да си го обезбедат пласманот во следната фаза во Лигата на Европа и убедлива победа да патуваат на реваншот следната недела, кој се игра во Подуево.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.05)

 

6908 Бала таун – Паиде (20:00)

Кога играат екипа од Велс и екипа од Естонија, она што се очекува се головите. На мечот помеѓу Бала таун и Паиде нема изразит фаворит, но се работи за две екипи кои негуваат офанзивен фудбал, а нивните натпревари изобилуваат со голови.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.02)

 

6897 Браво – Конас Квеј (18:00)

Словенечкиот НК Браво е апсолутен фаворит за победа против полупрофесионалниот претставник на Велс, Конас квеј. Сè освен убедлива победа на домашниот состав на овој натпревар ќе биде големо изненадување, а фудбалерите на Браво сигурно ќе сакаат да патуваат растоварени на реваншот и денес да ги испратат велшаните со полна мрежа со голови.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести