Македонските снукер-играчи го почнуваат настапот на ЕП

Европското првенство во снукер е еден од ретките спортски настани кои не се откажани во време на светската пандемија од Коронавирусот.

И покрај секојдневните вести и промени околу здравствената ситуација во Португалија, таму се игра континентален шампионат, на ред е најценетата дисциплина, класичен снукер, која почнува неславно поради драстично намалениот број учесници кои не успеаја да пристигнат во Албуфеира. Од првичната бројка, учество ќе земат само 59 играчи и со тоа форматот на турнирот ќе биде скратен на времетраење само од 3 дена.

Македонски претставници се Павле Данилов и Влатко Јанев, кои ќе ги одиграат првите натпревари од групната фаза. Секој од нив ќе одигра по три меча во својата група. Данилов е во група со Осип Зусмановиќ од Чешка, Фабиан Монин од Франција и Иван Каковски од Русија, додека Јанев е во тешка група со Патрик Тихонен од Финска, Гери Хенри од Англија и Алекси Корен од Русија.

Фаворити за титулата се искусните играчи Рори Меклеод, Дарен Морган и Ендрју Пеџет, своевремено пласирани во листата на најдобри 128 снукер-играчи која ја сочинуваат професионалците на Светската снукер-турнеја.

Нашите учесници ќе треба да се борат и со психолошкиот притисок за враќање дома по завршување на турнирот поради актуелната ситуација сокоронавирусот. Затворените граници може да ги доведат во ситуација да не можат да се вратат.

- Оглас -

Најнови вести