Македонските спортисти како 50-ти ќе се појават на отворањето на Олимписките игри

Македонските спортисти кои ќе ја претставуваат нашата земја на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио на тартанот на стадионот во главниот град на Јапонија ќе се појават како 50-ти од 205 држави и територии кои ќе учествуваат.

Знаменосец во македонската експедиција ќе биде теквондистот Дејан Георгиевски.

Редоследот на земји по коi ќе се појавуваат на отворањето беше одреден според јапонската азбука. Затоа, пред Македонија, како 49-ти ќе се појават спортистите од Камбоџа, а како 51-ви спортистите од Гвинеа.

Ќе биде запазена традицијата, први на стадион да се појават спортистите од Грција, каде што се одржаа првите Олимписки игри, а последни спортистите од земјата домаќин, во случајов Јапонија. Отворањето на ЛОИ во Токио е закажано за 13 часот.

- Оглас -

Најнови вести