Македонци учествуваат на моментно најсилните тениски турнири на светот

Македонските тенисери Томислав Јотовски и Калин Ивановски ќе бидат учесници на два одделни силни егзибициски турнири кои се играат на просторите на поранешна Југославија.

Јотовски во Белград учествува на таканаречениот Шампионат на Источна Европа, кој е во организација на Јанко Типсаревиќ. Македонскиот тенисер е во група со Марко Тепавац (најдобар во групата според рејтингот), Никола Чачиќ (денешен противник на Јотовски) и Дарко Јандриќ, сите од Србија. На мечеви од овој турнир може да се обложите во Sport Life. Најавите беа дека на турнирот ќе играат најдобрите српски тенисери освен Ѓоковиќ и некои други познати имиња како Стаховски. Телевизијата Арена 1 пренесува дел од мечевите на овој турнир и најавата е дека попладнево ќе го има и дуелот на Јотовски со Чачиќ.

Попладнево во Задар свој настап има младиот Калин Ивановски, кој има дуел со Фране Нинчевиќ од Хрватска во квалификациите за „Адрија“ турнирот, кој го организира Новак Ѓоковиќ. Победникот од квалификациите во кои игра и Ивановски ќе има прилика да се најде на главниот турнир и да се сретне со некоја голема ѕвезда, како Ѓоковиќ, Чориќ, Чилиќ, Зверев или Димитров. Некои мечеви од овие квалификации се пренесуваат на Спорт Клуб.

- Оглас -

Најнови вести