Македонците чекаат со нетрпение – Ќе има ли публика на ЕП во фудбал? УЕФА ќе одлучи во април

УЕФА денеска одржа состанок со сите 12 земји организатори на Европското првенство во фудбал што треба да се игра од 11 јуни до 11 јули годинава, а на кое Македонија ќе има историски прв настап.

Планот е да се продолжи првобитниот план и сите градови што беа одамна одредени за домаќини да ги организираат натпреварите на ЕП, што требаше да се одржи лани, но беше пролонгирано поради пандемијата со ковид-19.

Она што најмногу ги интересира навивачите, меѓу нив и македонската репрезентација е дали ќе можат да патуваат и да присуствуваат на историските натпревари против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни во Букурешт и потоа против Холандија на 21 јуни во Амстердам.

УЕФА одлучи во април да биде донесена конечната одлука дали ќе има навивачи на трибините на стадионите во 12 земји што се организатори на ЕП, кое лани требаше да означи 60 години од првиот одржан шампионат на Стариот Континент.

 

- Оглас -

Најнови вести