Македонците на ЛОИ: Реџепи загуби во првото коло

Македонската џудо претставничка Арбреша Реџепи уште по првото коло ги заврши натпреварите на Летните Олимписки игри во Токио.

Реџепи загуби од Жил Челзи од Велика Британија и тоа со ипон, односно прекин на борбата, што доволно зборува за квалитетот на противничката.

Реџепи беше третиот македонски претставник на ЛОИ, откако на вчерашниот прв ден од Игрите настапија Борјан Бранковски во стрелање и пливачот Филип Деркоски.

- Оглас -

Најнови вести