Маки за Томас Тухел, после дебаклот од Брентфорд, доаѓа и развод со сопругата

На тренерот на Челзи не му оди во последно време ниту на професионален, ниту на приватен план.

После неизвесноста околу судбината на Челзи кој чека нов газда, и вчерашниот убедлив пораз на Сините од Брентфорд, англиските медиуми објавија дека Томас Тухел после 13 години брак, ќе се раздели од сопругата Сиси, која е поранешна новинарка.

Сиси со ќерките се преселија во Лондон во август минатата година, за да бидат со сопругот и татко Томас, но биле исцрпени сите можности за спас на бракот, па таа минатата недела поднела документи за развод.

Германските таблоиди пишуваат и околу поделбата на имотот, Тухел заработува 8 милиони евра годишно, но 48-годишниот тренер и две години помладата Сиси сакаат бракот да биде раскинат достоинствено.

- Оглас -

Најнови вести