Макс Ферстапен: Татко ми не веруваше дека ќе бидам Формула 1 првак, туку дека ќе возам камион или автобус

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, даде интересна изјава во врска со некогашните очекувања на неговиот татко Јос, кој исто така беше Ф1 пилот, за тоа каква кариера ќе има тогаш малиот Макс.

„Татко ми никогаш не ми рекол дека може да станам шампион во Формула 1. Тој секогаш го мислеше спротивното, дека ќе бидам возач на камион или автобус. Во неговите очи јас не бев доволно добар за да возам во Формула 1. Сите тие критики ме мотивираа да работам напорно и подобро да се подготвам за тоа што ме чека“, вели 24-годишниот Макс, кој и годинава е главен кандидат за титулата.

Макс Ферстапен е првак на 24 години, уште е најмлад победник на Ф1 трка во историјата, а има заработено над 200 милиони евра. Не е лошо како за некој кому татко му му предвидувал дека ќе биде камионџија.

- Оглас -

Најнови вести