Макс Ферстапен е новиот Формула 1 шампион по неверојатна драма во Абу Даби

Макс Ферстапен е новиот Формула 1 шампион, откако во последниот кру го победи Луис Хамилтон во неверојатна завршница на трката „Јас Марина“ во Абу Даби.

Холанѓанецот иако имаше пол позиција, сепак возачот на Мерцедес имаше многу подобар болид и времиња.

Но, на седум круга до крајот, Николас Латифи излета од патеката и беше извадено безбедното возило.

На тоа, Ферстапен се одлучи да влезе во пит стоп, додека Хамилтон не го стори тоа во истиот момент.

По завршувањето на безбедносното возило, Макс го претрка Луис и дојде до победа, а со тоа и до првата шампионска титула.

- Оглас -

Најнови вести