„Максимир“ е фабрика за пари – Динамо му продаде голман на Монпелје за 9 милиони евра

Доминик Ливаковиќ се сели во француската Прва лига, ќе брани за Монпелје, а Динамо Загреб ќе заработи одлични 9 милиони евра.

Претходно францускиот клуб понуди 6 милиони евра, но понудата беше одбиена без размилсување. Ливаковиќ брани одлично, а со Динамо по 50 години презими во Европа, што го доведе до одличен трансфер во редовите на поранешниот француски првак Монпелје.

Динамо Загреб во новиот милениум работи беспрекорно со трансферите и продаде дузина играчи во големите европски клубови. Списокот е голем, а на него се Модриќ, Манџукиќ, Чорлука, Олиќ, Бишчан, Балабан, Едуардо, Ковачиќ, Ловрен, Рог, Пјаца и уште многу играчи кои заминаа за десетици милиони евра од Динамо во големите европски клубови.

По Ливаковиќ, можно е летово од Динамо да си замине и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

- Оглас -

Најнови вести