Малдини го „олади“ нервозниот Спалети: Господине, ја освоивте титулата, што сакате сега?

Дербито на 28-то коло во Серија А се играше во Неапол, каде што Милан го декласира лидерот на табелата, Наполи, но натпреварот имаше и трето полувреме во кое вербална расправија имаа тренерот на домашниот тим, Лучано Спалети, и директорот на Росонерите, Паоло Малдини.

Имено, за време на полувремето Спалети сакал да поразговара со Рафаел Леао, кој го постигна првиот гол на средбата бидејќи не му се допаднала прославата на голот од страна на Португалецот.

Веднаш реагираше спортскиот директор на Росонерите и еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Паоло Малдини.

„Господине, малку сте нервозни, но го освоивте Скудетото, што к*р сакате?, му рекол Малдини на Спалети.

- Оглас -

Најнови вести