Малдини: Овој Милан уште не е изграден за освојување на ЛШ

Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, кој со Росонерите ги има освоено сите можни трофеи, па и тој во Лигата на шампионите, вели дека е изненаден што неговиот тим воопшто стигнал до оваа фаза од елитното натпреварување. Малдини сега е во улога на директор во клубот и признава дека Интер во 2023 година доминирал во градските дерби-дуели победувајќи четири пати по ред.

„Пласманот во полуфиналето од ЛШ беше голем успех за нас и реално неочекуван. Сепак, секоја елиминација е тешка и болна, посебно ако тоа е од Интер. Сепак, мора да потенцираме дека ова патување беше сосема неочекувано за нас. Сезоната уште не е завршена. Мора да продолжиме со борбата за пласман во топ 4 во првенството и да обезбедиме место во ЛШ за следната сезона. Ако успееме да победиме во последните три кола и се избориме за повторно учество во Лигата на шампионите, тоа ќе биде одлично за нас“, вели Малдини.

- Оглас -

Најнови вести