„Малерот“ само по една година во Баерн, се враќа во Премиер лигата, и тоа во редовите на гигант?!

Хари Кејн, кој минатото лето го напушти Тотенхем и потпиша за Баерн Минхен за да освојува трофеи, само по една сезона во Бундеслигата може да се врати назад во Премиер лигата, и тоа во редовите на вистински гигант.

Само неколку часа откако и официјално беше потврдено дека сер Џим Ретклиф стана сопственик на 27,7 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, се појави информација дека Црвените ѓаволи налето ќе тргнат по Хари Кејн.

Според „Фудбал инсајдер“, Ретклиф, кој е задолжен за сите фудбалски операции во Манчестер јунајтед, дал зелено светло да се тргне со сите сили по Кејн.
Јунајтед беше заинтересиран за Кејн и минатото лето, но претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, не дозволи напаѓачот да биде продаден на конкурент во Премиер лигата и се договори со Баерн Минхен.

Кризата во Баерн Минхен може да го забрза трансферот на Кејн во Јунајтед. Кејн во Минхен пристигна да освојува трофеи, а лесно може да се случи германскиот гигант да остане без ниту еден трофеј сезонава. Баерн загуби во германскиот Супер куп, елиминиран е од Купот на Германија, во Бундеслигата заостанува зад лидерот Баер Леверкузен, а во Лигата на шампионите загуби во првиот осминафинален дуел со Лацио (0:1).

- Оглас -

Најнови вести