Малите клубови не се даваат – Пренесувајте ги на ТВ масовно натпреварите за да преживееме

Помалите англиски клубови, односно оние што играат во пониските дивизии бараат чаре како да ја доиграат сезоната и да избегнат банкрот.

И пред кризата со Коронавирусот имаше доста клубови што мачеа мака со финансиите, а причината е глобал,изацијата и во фудбалот.

„Големите клубови се повеќе ни го одмагаат во обидот да опстанеме. Глобализацијата и големата медиска популарност на гигантите влијаеше доста мали клубови во Англија да се најдат на работ на егзистенција. Сега е модерно за навивачите да одат во Лондон, Манчестер, или Ливерпул за да ги следат мечевите на Сити, Јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул…, отколку да ги следат локалните дуели во пониските лиги. Сега ние предлагаме масовни преноси на натпреварите од п-ониските лиги на сите телевизии за да ја спасиме сезоната кога таа ќе продолжи и да избегнеме банкрот“, вели Енди Холт, сопственикот на Акрингтон Стенли.

Клубот е член на Лига 1, што е трето по ранг натпреварување во Англија. И пред кризата со Коронавирусот клубовите од англиските лиги се почесто се жалеа на финансиски проблеми, а Бјури, кој е клуб со 135-годишна традиција не успеа да најде пари за да игра во некоја од лигите. Клубот за среќа се уште постои како еден од најстарите во Англија, сезонава не игра во ниту еден ранг и неизвесен е неговиот опстанок, иако навивачите бијат битка за да го спасат својот миленик.

- Оглас -

Најнови вести