Малку чудно: Србите се фаворити, а на последните пет меча секогаш губеле од овој ривал

Мечевите во Ватерполо турнирот се во завршна фаза. Денеска се играат двата полуфинални дуели, по што ќе бидат познати двете селекции што ќе се борат за златото. Србија е актуелен бранител на тронот од Рио де Жанеиро пред пет години.

Србите играат променливо во Токио, но сепак победуваа кога беше најпотребно и сега се во полуфиналето, каде што за противник ја имаат Шпанија. Токму Црвената фурија блеска на овој турнир. Во шест меча, Шпанците имаат исто толку победи, а на стартот од Игрите ја победија и Србија со 13:12, во меч на којшто имаа постојана контрола на резултатот.

Тој триумф на Шпанија во групната фаза и не е случаен, ако се погледнат резултатите од последните неколку меѓусебни дуели. Шпанија има пет победи во низа во дуелите со Србија, а Србија последен пат се радувала пред повеќе од три години, и тоа на пенали, откако средбата завршила нерешено 7:7.

Според квотите во Sport Life, но и фактот дека Србите се актуелни олимписки прваци, сега ја имаат фаворитската улога, но традицијата вели нешто друго, па ќе биде многу интересно да видиме кој ќе се избори за место во финалето.

За место во финалето ќе играат и Унгарија и Грција. И овие две селекции веќе еднаш се сретнаа на турнирот во Токио, а Грција победи минимално со 10:9.

ПОСЛЕДНИ ШЕСТ МЕЧА МЕЃУ СРБИЈА И ШПАНИЈА

Србија – Шпанија 12:13

Србија – Шпанија 11:13

Србија – Шпанија 6:6 (9:10 на пенали)

Србија – Шпанија 9:12

Шпанија – Србија 13:12

Србија – Шпанија 7:7 (12:10 на пенали)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести