Малку случајно, малку намерно, Хумелс се претвори во Халанд (Видео)

Во Борусија Дортмунд можеби стравуваа пред гостувањето во Билефелд кај Арминија бидејќи го немаа Ерлинг Халанд, но недостатокот на врвниот голгетер го надомести дефанзивецот Матс Хумелс. Искусниот Хумелс даде два гола за 2-0, и сега тој е стрелец на последните три голови за Борусија во германското првенство.

Првиот гол на Хумелс попладнево беше повеќе на среќа и случаен, топката го удри во нога и заврши во мрежата на противниците, но вториот беше со убав шут со глава. За негова несреќа, Хумелс се повреди во финишот и излезе од игра, па не му успеа обидот за историски хет-трик.

Гостинска победа во Бундеслигата извојува и првакот Баерн Минхен кој на полувреме имаше 2-0 против Келн, но во финишот откако Јарците намалија на 1-2, баварскиот гигант стравуваше за трите бода.

Ова е вториот гол на Хумелс, кој одлично се снајде во воздушен дуел и погоди во манир на врвен стрелец:

https://twitter.com/i/status/1322569790465155072

- Оглас -

Најнови вести