Мамецот е фрлен, ќе се фатат ли Италијанците за македонската јадица? (Фото)

Еден од најверните македонски навивачи, Ристо Шиц, секако е дел од групата фанови кои допатуваа во Палермо, а тој со себе ја носи и трската за ловење риби и набрзина си ја испроба среќата на пристаништето во Бари, користејќи прилика при една пауза на долгото патување до најголемиот град во Сицилија.

Шиц со трската беше атракција, проба да улови нешто набрзина. Времето беше кратко и не успеа, се надеваме дека вечерва на „Ренцо Барбера“ во Палермо македонските фудбалери ќе бидат поуспешни и ќе ги „уловат“ фаворизираните Италијанци со некој трик и мамка која ќе ја загризат Аѕурите.

- Оглас -

Најнови вести