Мамиќ повторно ќе го води Динамо Загреб!

Зоран Мамиќ ќе биде тренер на Динамо до крајот на сезоната, потврдија од редовите на најтрофејниот клуб во Хрватска. Мамиќ сезонава ја извршуваше улогата на спортски директор на клубот, а по отказот на Игор Јовичевиќ, тренерската функција ја презема Зоран Мамиќ.

„Ситуацијата е таква дека не треба да брзаме во одлуката и да направиме погрешен чекор. За многу брзо време ќе бидат и европските натпреварувања, а знаеме колку многу ќе ни значи Динамо да игра во групната фаза од европските натпреварувања. До крајот на сезоната имаме уште три меча во првенството, период во кој треба да одлучиме кој ќе го предводи тимот во следната сезона“, изјави Мамиќ за клупската страна на Динамо.

Мамиќ е поранешен фудбалер и капитен на Динамо, а подоцна се покажа и како успешен тренер. Го предводеше Динамо во периодот од 2013 до 2016 година, период во кој Модрите освоија три титули по ред. Славна е сезоната 2014/15, кога Динамо немаше пораз цела сезона.

Во 2016 година Мамиќ си замина од „Максимир“ и замина во Саудиска Арабија во Ал-Наср. Додека беше надвор од Хрватска, Зоран заедно со неговиот брат Здраво беа осудени на повеќегодишна затворска казна затвор поради кражба во Динамо. Зоран беше осуден на четири години и 11 месеци, но одлуката не е правосилна и тој се врати да работи во клубот.

„Некои новинари веќе ме прогласија за виновен, но темел на секое правосудство е презумцијата на невиност. Не треба да се создава непотребна фама. Ако мислев дека сум виновен, немаше да се вратам во земјата“, додава Мамиќ.

- Оглас -

Најнови вести