Мамузите се остри за Њујорк никс

Минесота вајлд – Сент Луис (НХЛ, 01 часот)

Ова е голема битка на два солидни состави за позиции кои водат во плејофот. Ветеранот Зак Паризе сè уште е најголемиот адут на Минесота и тој е првиот стрелец во тимот.

Сент Луис има поквалитетна екипа, но имаше дел од сезоната во којшто играше многу лошо. Имаат четири победи на последните пет меча, а против Минесота како по правило играат тврди натпревари со малку голови.

И ноќеска ќе биде во тој тренд, а ќе типуваме помалку од шест погодоци.

Предлог тип: <5.5 голови (1.75)

 

Отава сенаторс – Калгари флејмс (НХЛ, 01 часот)

Отава е во голема криза и е меѓу најслабите екипи во НХЛ-лигата, за разлика од канадскиот ривал Калгари, кој е лидер во Западната конференција и истакна кандидатура и за титулата.

Гудро, Линдхолм и Монахан се лидерите на Флејмс, а Калгари одлично гази сезонава.

И вечерва се фаворити, иако Отава им е незгоден ривал. Флејмс се поквалитетни, во победнички поход се и многу се поблиску до бодовите.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

Њујорк никс – Сан Антонио спарс (НБА, 01.30 часот)

Њујорк веќе подолго време е во криза, при последниот мини рок за размена на играчи го загубија и најдобриот кошаркар Порзингис, па на кризата не и се гледа крајот. Најскапата НБА-франшиза, според „Форбс“, е потоната на дното на Источната конференција и нема ни изгледи наскоро тоа да се смени, барем според проценката на експертите.

Сан Антонио игра солидна кошарка и речиси сигурно ќе настапи и во плејофот. Имаат две големи НБА-ѕвезди, Де Розан и Олдриџ, и неколку млади и перспективни кошаркари како добар влог за иднината.

Сан Антонио е фаворит, победата за нив е многу значајна, а за Њујорк ова е уште еден меч во серија без резултатско значење.

Предлог тип: 2&>222.5 (2.35)

 

Аризона којотс – Винипег џетс (НХЛ, 03 часот)

Винипег бие битка за првата позиција во Западната конференција, а пред стартот на НХЛ-шампионатот дури беа потенцирани како први фаворити за титулата.

Со победата против ланскиот финалист Вегас ја сопреа серијата од 3 порази и се фаворити за победа против Којотите од Аризона.

Домаќините двапати по ред одиграа нерешено, потоа во продолженија победуваа, па сакаат да го задржат трендот и да останат во трка за настап во плејофот.

Предлог тип: Х (4.05)

 

 

- Оглас -

Најнови вести