Манасков инспириран против Кире, постигна суператрактивен гол (Видео)

Европската ракометна федерација ЕХФ со воодушевување го објави на своите профили на социјалните мрежи многу атрактивниот погодок на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков на дуелот со Нант. Веспрем на Манасков славеше кај Нант на Кирил Лазаров со 28-24, а нашите ракометари постигнаа по пет гола.

Голот на Манасков ќе биде во најтесна конкуренција за најубав гол во првото коло од Лигата на шампионите. Погледнете како Дејан го измами голманот Думулан:

- Оглас -

Најнови вести