Манасков со Веспрем на Ф4, Лазаров не можеше против „својата“ Барселона

Веспрем го доби и вториот четвртфинален дуел против Фленсбург со конечни 29-25, па така унгарскиот тим е првиот учесник на Ф4 завршницата во ракометната Лига на шампиони. Фленсбург немаше сили за изненадување, па новото разочарување беше неизбежно, додека Веспрем по петти пат во својата клупска историја ќе игра на фанјл-форот во Келн.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна само еден погодок во средбата, но тој беше навистина фантастичен. „Летечкиот“ Манасков искористи втора шанса при напад на неговата екипа, се фрли да ја фати топката и пред да падне на подот ја затресе мрежата.

Барселона е вториот полуфиналист во Лигата на шампионите, откако го потврдија своето учетво и со втор триумф над Нант. Каталонците славеа на домашен терен со конечни 29-26, па така заврши европскиот поход на капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

Лазаров против „својата“ Барселона реализираше три погодоци од осум обиди.

Утре ќе се дознаат и вторите патници на Ф4 во Келн. Вардар гостува кај Пик Сегед со сигурна предност од 31-23 по првиот меч кој се одигра во Скопје. Вториот четвртфинален пар е ПСЖ – Кјелце, а полскиот тим засега е со една нога во полуфиналето, по триумфот на домашен терен при убедливи 34-24.

- Оглас -

Најнови вести