Манчестер го чека „пекол“ во кој може да се реши и за судбината на Солскјер

Со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед, најтрофејниот англиски клуб реди само победи. Во осум меча, Манчестер има осум победи, а многумина веруваат дека токму Солскјер е најзаслужен за овој успех.

Норвешкиот стратег е дојден на „Олд Трафорд“ како позајмен од Молде, каде што треба да се врати во летниот преоден рок. Сепак, доколку продолжи со успесите, Манчестер јунајтед сигурно ќе му даде и постојан договор на Солскјер.

Манчестер вечерва игра против Барнли и е апсолутен фаворит. Потоа следува пеколен распоред за „црвените ѓаволи“. Од 12-ти февруари, во наредните 12 дена Манчестер ги очекува дуелите против Пари Сен Жермен, Челзи и Ливерпул.

По овие три „пеколни“ меча, следуваат полесни дуели против Кристал палас и Саутхемптон, а потоа следуваат нови тешки мечеви, и тоа против Арсенал, Манчестер сити и реваншот против ПСЖ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести