Манчестер и Баерн одиграа меч како одбележување на 20 години од легендарното финале во ЛШ (Фото)

Кога се зборува за финале во Лигата на шампиони, секако едно од највозбудливите е тоа од 1999 година меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен. Тогаш, во дуел на двата најтрофејни клуба на Англија и Германија, „црвените ѓаволи“ победија со 2:1, благодарение на двата погодоци во последните минути од мечот. Баерн Минхен водеше до 90 минута, а потоа загуби на начин на кој најчесто победуваат Германците.

Денеска, како одбележување на 20 години од тој меч, на „Олд Трафорд“ повторно се сретнаа Манчестер јунајтед и Баерн Минхен. Во дресот на шампионот од 1999 година повторно беа Питер Шмајхел, Дејвид Бекам, Оле Гунар Солскјер, Енди Кол, Двајт Јорк, Ники Бат, Гери Невил, Јап Стам, Денис Ирвин, Пол Сколс, Теди Шерингам, Јеспер Бломквист…, а предводник на клупата беше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Манчестер повторно победи и тоа овојпат убедливо со 5:0. Солскјер го отвори резултатот за 1:0, а потоа погодуваа Двајт Јорк, Ники Бат, Луи Саха и Дејвид Бекам со погодок во 90 минута.

- Оглас -

Најнови вести