Манчестер јунајтед без десетмина играчи на гости кај Кристал палас

Откако на клупата на Манчестер јунајтед седна Оле Гунар Солскјер, „црвените ѓаволи“ не знаат за пораз во англиските натпреварувања. Гигантот од „Олд Трафорд“ реди победи, а има и само уште две нерешени, кога се работи за мечеви во Премиер лигата и ФА купот на Англија.

Вечерва Солскјер ќе има голем предизвик. Како да ги освои трите бода на гостувањето кај Кристал Ппалас, ако се знае дека нема да може да смета на еден цел тим. Дури десетмина играчи на Манчестер се надвор од составот за вечерашната средба. За гостите сигурно нема да играат: Лингард, Марсијал, Рашфорд, Валенсија, Дармијан, Џонс, Матиќ, Ерера, Мата и Гријнуд.

И покрај овие големи проблеми, Манчестер е фаворит на гостувањето во Лондон. Во 2019 година Манчестер гостуваше во Лондон против Тотенхем, Арсенал и Челзи и во сите три средби победи. Вечерва ќе видиме дали оваа серија на гостувањата во главниот град ќе продолжи.

- Оглас -

Најнови вести