Манчестер јунајтед е подготвен да плати 100 милиони евра за напаѓач од Бундеслигата

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сака во летниот преоден рок да го засили нападот и тоа со играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани. За да го реши проблемот во нападот, Јунајтед е подготвен да плати дури 105 милиони евра за напаѓачот од Бундеслигата.

Менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, сезонава успеа да направи прогрес во резултатите и играта, Јунајтед речиси сигурно ќе заврши меѓу првите четири на табелата во Премиер лигата, но за да се вклучи во борбата за титулата, потребен е уште еден напаѓач.

Најголема желба на Тен Хаг и управата е налето да биде купен Хари Кејн, но претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, нема намера да го продава својот најдобар играч на конкурент од Премиер лигата.

Поради тоа, управата на Јунајтед се сврте и кон Коло Муани, 24-годишниот Французин кој игра одлично сезонава и на 40 натпревари постигна 20 гола и 14 асистенции во дресот на Ајнтрахт.

Јунајтед во трката за потписот со Коло Муани ќе има конкурент во Баерн Минхен, кој исто така планира да достави понуда за францускиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести