Манчестер јунајтед го планира Каземиро за дербито против Ливерпул в понеделник!

„Ѓаволски“ добрата финансиска понуда која Манчестер јунајтед ја испрати за фудбалерот на Реал Мадрид, Каземиро, тешко дека ќе биде одбиена и се очекува Бразилецот утре или најдоцна задутре да каже ДА за трансфер во Црвените ѓаволи.

Финансиски, трансферот не е спорен и им одговара на сите. Реал го купи Каземиро за 6 милиони евра, па ако го продаде за 70-80 милиони, клубот би бил во голем плус. Во добивка ќе биде и самиот фудбалер, кој во Реал заработува 10 милиони годишно, додека во Јунајтед во следните неколку сезони би земал помеѓу 20 и 25 милиони.

Од спортска гледна точка, Јунајтед добива фантастичен и искусен играч во средниот ред, кој освојувал многу трофеи и важи за еден од најдобрите на својата позиција. Желба на Манчестер е Каземиро да потпише за нив најдоцна до сабота за да може да игра на понеделничкото дерби против Ливерпул.

Реал би загубил важен играч, но нема да му пречат на Каземиро да си замине ако тој реши дека е подобро да ја прифати понудата. Кралскиот клуб летово го купи младиот Орелиен Шуамени, кој игра на иста позиција со Каземиро, и се шпекулира дека тие веќе одамна имале план да го продадат Каземиро. Со парите од продажбата веројатно клубот ќе купи еден играч.

- Оглас -

Најнови вести