Манчестер јунајтед го потврди трансферот од 100 милиони на напаѓачот којшто постигна само 10 гола

Ентони и официјално ќе биде новото големо засилување на Манчестер јунајтед. Напаѓачот на Ајакс, како што се шпекулираше изминативе денови, и официјално им се приклучи на Црвените ѓаволи во трансфер вреден 100 милиони евра.

Ерик тен Хаг го доби играчот со којшто соработуваше во Ајакс, но се чини дека раководството на Манчестер плати висока сума за овој играч ако се земе предвид неговата форма од минатата сезона.

Ентони постигна вкупно 10 гола за Ајакс, од кои осум во холандската лига, додека два се во Лигата на шампионите. Манчестер комплетираше уште едно засилување за оваа сезона откако претходно се приклучија Каземиро, Ериксен, Лисандро Мартинес. А според последните информации, до крајот на преодниот рок се очекува да пристигне и Мартин Дубравка, кој од Њукасл ќе дојде како втор голман во редовите на великанот.

- Оглас -

Најнови вести