Манчестер јунајтед и Ливерпул во битка за гол повеќе на „Олд Трафорд“

Со вкупен коефициент од малку повеќе од 29, Панче Ќумбев состави нов викенд-тикет со интересен микс од два меча на кои очекува голови и уште три на кои прогнозира победи на домашните екипи.

Еве ги петте предлози на нашиот поранешен фудбалер:

 

Манчестер јунајтед – Ливерпул (недела, 15.05 часот)  

Ова е најголемото дерби во Англија, и тоа можеби во најдобар момент за домаќините, кои се во одлична форма. Тука има посебен ривалитет бидејќи разликата во титули е за две во корист на Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи имаат освоено 20 шампионски трофеи во Англија, наспроти 18 на Ливерпул, па и тоа си има своја тежина на дерби-мечевите.

Но и гостинот има свои математики, овде може ќе ја решава една од одлучувачките битки за титулата. Затоа верувам во отворен натпревар со голови на двете страни и со најмалку три погодоци.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)

 

Фиорентина – Интер (недела, 20.30 часот)   

Интересен дуел на два тима со променлива форма сезонава. Интер си направи проблеми со случајот „Икарди“, што доста влијае на атмосферата во клубот, иако и без него доби два меча по ред.

Фиорентина во 2019 година игра како што се очекуваше и нема пораз, а се памети големата победа од 7-1 против Рома во Купот. Во седумте натпревари што ги играа на почетокот на оваа година, постигнуваа најмалку по еден погодок на шест, а само со Наполи во ремито без голови не ја тресеа противничката мрежа. Очекувам цврста борба, но и по еден гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.78)

 

Борусија Менхенгладбах – Волфсбург (сабота, 15.30 часот) 

Верувам дека домаќинот ќе ја продолжи трката за место кое води во Лигата на шампионите. Го претрпеа првиот пораз на домашен терен по импресивната серија од 9 победи, но очекувам да го победат Волфсбург, иако популарните „волци“ се третата најдобра гостинска екипа во Бундеслигата. На „Борусија парк“ немаат многу успех и загубија три од последните четири гостувања. Затоа овде има давам блага предност на домаќините и верувам дека ќе победат.Тип 1.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Горник Забже – Заглембје Сосновиец (сабота, 15.30 часот)   

Дерби на дното во кое, според мене, фаворит е домаќинот. Посикусна екипа се, имаат поквалитетен состав и освоија повеќе бодови од последнопласираната екипа на Сосновиец.

Иако последната победа против овој ривал им е од 2008 година, сепак верувам во победа на Горник.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Атлетик Билбао – Еибар (сабота, 20.45 часот)  

Интересен дуел на тимови со солидна форма. Тимот од Билбао се разигра во последно време, ги победи силните Севилја и Бетис и ремизираше со Барселона.

Еибар е во серија од пет меча без пораз, меѓутоа Атлетик, според мене, е во блага предност и типувам единица.

Предлог тип: 1 (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести