Манчестер јунајтед има две мети за јануари и двете се поврзани со градскиот ривал

Манчестер јунајтед по вчерашниот дебакл на „Олд трафорд“ и поразот од 0:4 од Борнмут, управата на „Црвените ѓаволи“ експресно ги започна подготовките за зимскиот преоден рок и одреди две мети по кои ќе тргне со сите сили.

Интересно е што и двајцата фудбалери се поврзани со градскиот ривал, Манчестер сити.

Прв на листата на желби е белгискиот репрезентативец Лоис Опенда. Опенда кој е член на Ред Бул Лајпциг сезонава веќе постигна 14 гола, од кои два му даде на Манчестер сити на „Етихад“ во мечот од Лигата на шампионите (3:2).

Германскиот тим го плати Опенда 40 милиони евра, а Манчестер јунајтед ќе мора да издвои најмалку двојно повеќе за него, но прашање е дали Ред Бул Лајпциг ќе се согласи да го продаде својот најдобар напаѓач среде сезона.

Вториот фудбалер за кој Јунајтед е заинтересиран е играчот на Манчестер сити, Калвин Филипс. Филипс не е во плановите на Гвардиола, најчесто влегува од клупата за резервни играчи и за очекување е во зимскиот преоден рок да замине на позајмица во тим каде би играл за да остане во комбинација за настап на ЕП со англиската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести