Манчестер јунајтед не му даде шанса да брани, потоа дури седумпати го испраќаше на позајмици во други клубови, а Сем Џонстон сезонава им стана еден од адутите за подвиг и атак на титулата, сега како голман на Вест Бромвич Албион.
Вечерва чуварот на мрежата на ВБА имаше неверојатна интервенција во 9-тата минута на „Енфилд роуд“, кога го одбрани ударот на Боби Фирмино за победа на Ливерпул.
Џонстон на радост на навивачите на ВБА, но и тие на Манчестер јунајтед, со пантерска интервенција не дозволи да прими втор гол од лидерот на табелата, па мечот заврши нерешено 1:1.
Џонстон имаше слична одбрана за ВБА во финишот на мечот со Манчестер сити и на претходното гостување на тимот од Бирмингам во Премиер лигата. И тогаш во последните моменти го спречи Рахим Стерлинг да постигне победнички гол за Граѓаните. И тој меч заврши нерешено, 1:1.
Џонстон беше член на Манчестер јунајтед цели девет години, две од нив во младинската Академија, но не бранеше за Црвените ѓаволи ниту еднаш. Беше позајмуван во 7 клуба, пред да му биде продаден на Вест Бромвич албион во 2018 година.