Манчестер јунајтед како ретко кога го растури Челзи (Видео)

Требаше да биде дерби, а на крајот Манчестер јунајтед убедливо со 4:0 го победи Челзи, во мечот со кој се комплетираше првото коло во Премиер лигата. Со оваа победа на Јунајтед, двата тима од Манчестер го запоседнаа врвот во англиското првенство.

Челзи добро го започна мечот, нападна, но гостите не постигнаа гол. Се играше 18 минута, кога беше направен пенал за Манчестер, а Маркус Рашфорд погоди за 1:0, што беше и резултат по првите 45 минути.

https://youtu.be/DxMPJf1cbGw

И во вториот дел беше неизвесно до 65 минута. Тогаш Марсијал погоди за 2:0, а само 95 секунди подоцна веќе беше 3:0, благодарение на вториот погодок на Рашфорд.

https://youtu.be/sP7sjB7kS4s

https://youtu.be/-EWZkAgtVe8

Точка на шоуто на „Театарот на соништата“ стави Даниел Џејмс. Играчот кој летово дојде од Свонси, во игра влезе во 74 минута, а само седум минути подоцна погоди за високи 4:0. Вкупно 280 меча во кои Манчестер водел на полувреме на „Олд Трафорд“ не загубил. Денеска стигна до 264 победа во ваквите средби, а има и само 16 нерешени.

https://youtu.be/k1VuYRUFZok

Стартниот тим на Манчестер беше со просечна старост од 24 години и 227 денови, што е најмлад стартен тим во првото коло од Премиер лигата. Челзи цели 41 година немал полош старт во првенството и потежок пораз во првото коло.

- Оглас -

Најнови вести