Манчестер јунајтед конечно го претстави долгоочекуваното засилување (видео)

Манчестер јунајтед го комплетира трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд за сума од 85 милиони евра. Долгоочекуваното засилување на Црвените ѓаволи конечно се појави на „Олд Трафорд“ со очекувањата дека ќе биде новата голема ѕвезда на тимот предводен од Оле Гунар Солскјер.

Санчо при промоцијата порача дека Јунајтед е клубот каде што припаѓа откако се врати во родниот град. За потсетување, талентираниот англиски офанзивец потекнува од школата на ривалот Манчестер сити, но развојот на сениорско ниво го достигна во Бундеслигата, каде што беше еден од најдобрите играчи изминативе две сезони.

https://twitter.com/ManUtd/status/1418540455847997453

- Оглас -

Најнови вести