Манчестер јунајтед повторно „гризе“ за Гризман

Манчестер јунајтед би можел да биде клубот во кој Антоан Гризман ќе ја продолжи својата кариера. Според англиските медиуми, откако во Јунајтед виделе дека нема шанси да го донесат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а шансите за заминување на Ромелу Лукаку во Интер се големи, во клубот повторно се родила идејата за доведување на францускиот крилен напаѓач.

Откако стана јасно дека Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид, бројни шпекулации се вртат околу неговото име. Барселона се спомнуваше како фаворит, но се чини дека Гризи не само што ќе го смени клубот, туку и државата во која што игра. ПСЖ се изјасни дека нема намера да го купи сега веќе екс играчот на Атлетико, па во трката како фаворити остануваат Баерн и Јунајтед.

Проблемот на екипата на менаџерот Оле Гунар Солскјер е што нема да учествува во Лигата на шампионите. Од друга страна, во Манчестер се надеваат дека ако Гризман потпише за „црвените ѓаволи“, ќе им помогне во убедувањето на неговиот близок пријател Пол Погба да остане, и да не си оди во Реал или Јуве.

- Оглас -

Најнови вести