Манчестер јунајтед реди порази, но Тен Хаг не помислува да си даде оставка

Манчестер јунајтед добива фудбалски лекции од кого стигне сезонава, последната дојде од Галатасарај во Лигата на шампионите, но менаџерот Ерик тен Хаг не гледа причина зошто да си поднесе оставка.

„Ги разбирам навивачите. Очекуваат дека некој ќе одговара за ова, за настапите и за резултатите, како и мојата екипа. Моментно немаме резултати и тие се разочарани. Мора да играме подобро, но како што потенцирав во неколку наврати, имаме тимски дух и поддршка од трибините од првата до последната минута“, изјави Тен Хаг.

Јунајтед, кој во летниот преоден рок потроши повеќе од 200 милиони евра за засилувања, против Галатасарај (2:3) го доживеа шестиот пораз сезонава и има примено дури 18 гола, што не се случило такво нешто од далечната 1966/67.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести