Манчестер јунајтед се враќа во ЛШ, фановите на Челзи пееја „Не сте ништо посебно, ние губиме од сите“ (Видео)

Манчестер јунајтед по една сезона пауза, повторно се враќа во елитната Лига на шампиони.

Црвените ѓаволи вечерва го разбија Челзи со 4-1 и на едно коло до крајот на Премиер лигата си обезбедија место во ЛШ, заедно со Сити, Арсенал и Њукасл како четири претставници на Англија, а Ливерпул ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа.

Сините од Лондон на „Олд Трафорд“ тргнаа со почетен состав во кој просечната возраст на играчите беше 23 години и 238 дена и ова е само трет случај во историјата на Премиер лигата некој тим да излезе со играчи во просек помлади од 24 години.

Челзи десетти меч по ред е без победа на гости кај Јунајтед, а по 27 сезони, првпат сезоната ја завршува во долната половина на табелата.

Нивните фанови во финишот на средбата се шегуваа на своја сметка и пееја: „Вие не сте ништо посебно, ние губиме од сите!“

Каземиро го даде првиот гол за Манчестер, а Бразилецот имаше и супер предасистенција за вториот гол. Каземиро со главата свртена на другата страна му додаде на Санчо, а овој го проигра Марсијал, кому не му беше тешко да погоди за 2-0.

Погледнете ја акцијата која го одбележа мечот:

- Оглас -

Најнови вести