Манчестер јунајтед си најде голман за 55 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, експресно најде нов голман откако „го изигра“ и не му го продолжи договорот на Давид де Хеа.

Нов чувар на мрежата на Црвените ѓаволи ќе биде Андре Онана од Интер. Онана одамна ја договори платата со управата на Јунајтед, а вечерва двата тима конечно најдоа заеднички јазик за отштетата.

Манчестер јунајтед ќе му плати на Интер 55 милиони евра, 50 милиони отштета и пет милиони во бонуси. За трансферот да биде официјален, останува Интер и Јунајтед да се договорат околу ратите.

Онана на „Олд трафорд“ доаѓа на инсистирање на менаџерот Ерик тен Хаг, го кој тренираше голманот во Ајакс.

Онана ќе претставува замена за Давид де Хеа, кој беше изигран од управата. Двете страни се договорија да ја продолжат соработката, но Јунајтед во последен момент се откажа и му порача на Шпанецот дека е слободен во потрагата по нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести