Манчестер јунајтед слави, Салах нема да игра на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека Мохамед Салах ќе игра до крајот на сезонава и ќе има простување со фановите, но викендов нема да игра на големото дерби со Манчестер јунајтед.

После гостувањето кај лутиот ривал, на Ливерпул ќе му останат уште само три меча, последниот на 24-ти мај дома против Брентфорд и тогаш ќе биде последниот меч на Салах во дресот на Црвените.

Неиграњето на Салах в недела против Јунајтед е добра вест за Црвените ѓаволи, бидејќи Египќанецот има дадено дури 10 премиерлигашки голови против Манчестер на негов стадион и тој е најефикасниот гостински играч во историјата на „Театарот на соништата“, а беше и првиот што направил хет-трик во Премиер лигата против Манчестер јунајтед на негов терен. Салах имаше серија од седум гостувања по ред на „Олд Трафорд“ на кои давал гол.

- Оглас -

Најнови вести