Манчестер кога имал ваков лош старт, на крајот завршил на 13-тото место

Манчестер јунајтед продолжува со очајните резултати, посебно на гостински терен. Црвените ѓаволи загубија на гости кај Њукасл со 1:0 и веќе 11-ти натпревар на гости во сите натпреварувања не знае за победа. По осум одиграни меча, Манчестер има освоено девет бодови и е на 12-тото место на табелата во Премиер лигата.

Последен пат кога гигантот од „Олд Трафорд“ стартувал со две победи, три ремија и три порази во првенството е во сезоната 1989/90 година. Тогаш Манчестер на крајот од првенството заврши на 13-тото место, што е очаен пласман. Според многумина, овој пораз ќе значи и крај за тренерот Оле Гунар Солскјер.

За разлика од Солскјер, менаџерот на Њукасл, Стив Брус, има многу причини за задоволство. За него ова беше 400-ти меч како тренер на дуел во Премиер лигата. Тоа што е уште поважно за него, Брус стигна до првата победа во дуелите против Манчестер јунајтед, и тоа во 23-тиот дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести