Манчестер сити даде гол, стрелецот се знае

Манчестер сити во седмата минута поведе против Копенхаген со 1-0, а голот го даде Ерлинг Халанд, кој продолжува да ги тресе противничките мрежи. На последните три домашни премиерлигашки мечеви, Халанд даваше по три гола, а и вечерва е на пат да направи хет-трик.

Кога требаше да каже кој го постигнал голот, официјалниот спикер на стадионот „Етихад“ рече: „Гол за Сити, а кој друг? Халанд“.

Норвежанецот даде гол од првиот свој контакт со топката и стана трет странец кој давал голови на првите три меч во ЛШ за англиски клуб.

- Оглас -

Најнови вести