Манчестер сити ги шокираше своите фанови, им наплаќа билети како за одиграни мечеви

Премиер лигата и Лигата на шампионите се во застој и не се знае кога ќе продолжат, а англискиот клуб Манчестер сити продолжува од своите навивачи кои имаат сезонски билети да ја зема редовната месечна членарина.

Јасно е дека клубовите имаат огромни финансиски загуби, бараат начин да им ги намалуваат платите на играчите, а Сити се обидува кризата да ја надмине со приходи од навивачите, иако тие не ги користат услугите за коишто плаќаат и не одат на стадион, па и нив им требаат парите кои би ги заштедиле периодов со неплаќање кон клубот.

Навивачите добиле порака на телефон дека ќе им бидат наплатени пари како да се играло, со тоа што парите ќе им бидат вратени ако мечевите не бидат одиграни или ќе добијат надомест во следната сезона.

„Ќе работиме како и досега, тоа ќе ви биде осигурување дека ќе се вратите на стадион штом сезоната продолжи. Ќе делуваме согласно упатствата за ниту еден навивач да не биде оштетен“, наведуваат Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести