Манчестер Сити го бендиса Сојунчу, ама дава малку пари

Манчестер сити има проблеми на стоперските позиции и ќе мора да се засили во дефанзивата уште во овој преоден рок, а шампионите на Англија го бендисаа Чаглар Сојунчу од Лестер, но засега со понудата се далеку од барањата на ривалот.

Манчестер сити нуди 45 милиони евра за да го добие 23-годишниот турски репрезентативец, а Лестер бара многу повеќе.

Популарните лисици бијат битка за место во Лигата на шампионите и го ценат Сојунчу на сума од 70 милиони евра.

Според информациите што ги објавија турските медиуми Манчестер сити нема да плати толкава сума, што значи дека Сојунчу барем засега останува член на Лестер.

- Оглас -

Најнови вести