Манчестер сити гостува на стадион на кој има четири ремија по ред

1009 Лутон – Манчестер сити (15.00 часот)

Ова е добра прилика за актуелниот англиски првак да ја прекине црната серија од четири меча по ред без победа во Премиер лигата. Лутон кој има само 9 бода во 15 кола, во просек прима по два гола на меч, додека Граѓаните речиси 2,5 голови по меч во просек. Сити не смее да помисли на кикс, бидејќи тоа би било крупен чекор назад во трката за титулата и пет кола по ред без победа би било трагедија за нив. Лутон и Сити последен пат се сретнале во 1999 кога беа третолигаши во Лига 1, а последните четири нивни меѓусебни дуели во Лутон завршувале нерешено и тоа или 1-1 или 2-2.

Предлог тип: 2 & 2+ второ (1.82)

 

1808 Штутгарт – Баер Леверкузен (15.30 часот)

Дерби помеѓу третиот и првиот на табелата во Бундеслигата и дуел на две од трите најефикасни екипи во лигата. Леверкузен со победа би побегнал шест бода пред Баерн, но Баварците имаат и еден меч помалку. Штутгарт има три победи по ред, на овие три меча секогаш даваа два гола. Двата тима се во добра форма, Баер нема пораз сезонава, а Швабите дома немаат победа над Фармацевтите цели 13 години.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.76)

 

1010 Тотенхем – Њукасл (17.30 часот)

Тотенхем потона во претходните пет кола во кои освои само еден бод, а Њукасл е на само еден бод зад нив. Чавките за неколку дена имаат важен меч во Лигата на шампионите и тоа е предноста на Тотенхем кој бара излезе од кризата. Ова се екипи кои ретко играат нерешено сезонава и тимови кои имаат голем број на повредени играчи. Што се однесува до традицијата на меѓусебните дуели, последните пет им биле со ГГ и 3+ голови. Во минатата сезона Њукасл двапати го победуваше Тотенхем. Последната гостинска победа на Њукасл во Премиер лигата беше уште во септември.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.11)

 

3008 Рома – Фиорентина (20.45 часот)

Римјаните се во налет, освоија 10 бода во последните четири кола, а Виолетовите имаат само еден бод помалку од Волчицата и добија два од последните три меча во Серија А. Рома е опасен домаќин, ги доби сите мечеви на „Олимпико“ од 17-ти септември наваму. Плус тоа, Фиорентина губеше на последните  четири гостувања кај Рома.  Последен пат кога Рома даде помалку од два гола дома против Фиорентина беше во 2018 година.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.90)

 

1309 Барселона – Жирона (21.00 часот)

Каталонското дерби со интерес ќе се следи и во Мадрид. На Реал и Атлетико им одговара реми на овој меч, но и големата Барса и сензацијата Жирона имаат поинакви планови и сметки. Жирона со победа се враќа на прво место, Барселона со победа ќе дојде на два бода негатива зад Кралскиот клуб. Откако се врати Де Јонг, Барселона почна да белеи подобри резултати, но со месеци не дале повеќе од два гола на еден меч. Жирона има поефикасен напад, но во минатата сезона на меѓусебните дуели на овие тимови, беше со 0-1 гол. Жирона нема победа на официјален меч против Барса.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.55)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести