Манчестер сити им најави на „чеканите“ што ги чека на 10 август (Видео)

Манчестер сити во кинескиот град Нанџинг беше подобар од Вест Хем со 4-1 на меч од Премиерлигашкиот азиски трофеј, па ќе игра финале со Вулверхемптон, кој во другото полуфинале со 4-0  беше подобар од Њукасл. И „граѓаните“ и „чеканите“ не беа во своите најсилни состави, тренерите комбинираа и правеа многу измени, а ова беше и своевидна најава за нивната пресметка на 10 август, со која во Лондон ќе почне новата сезона во Премиерлигата.

Вест Хем поведе со удар од пенал кој го реализираше Нобл, а потоа набрзина Сити даде два гола, од кои првиот на Давид Силва беше мајсторија на искусниот Шпанец, кој одлично ја прими топката и го надмудри голманот и чуварот. Потоа младиот Нмеча погоди од пенал за 2-1, а во второто полувреме Стерлинг даде два гола за 4-1.

Ова е голот на Давид Силва:

https://twitter.com/i/status/1151479545507307520

- Оглас -

Најнови вести