24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Манчестер сити најде евтина замена за Давид Силва

По точно 10 сезони поминати во дресот на Манчестер сити, Давид Силва најави дека ќе си замине. Договорот на Шпанецот истекува, а од претходно најави дека не планира да го продолжи. Како една од следните опции на Силва се најавуваат Интер Мајами или Бетис, но засега не е ништо дефинирано.

Во Сити веќе имаат замена за Силва, а тоа треба да биде Фил Фоден. Талентираниот англиски репрезентативец во минатото често беше фален дека е иднината на клубот, а сега е вистинска шанса да добие од тренерот Пеп Гвардиола. Сепак, факт е дека Фоден не може сам да го превземе товарот да биде замена за еден врвен играч, па во Сити бараат и уште еден фудбалер на оваа позиција.

Фокусот е кон креативецот на Норич, Емилијано Буендија. Според некои англиски медиуми, Буендија би бил совршен за тимот на Гвардиола. Тоа е играч кој сезонава дојде во Премиер лигата и покажа дека одлично се вклопи, па имаше дури седум асистенции за гол.

Аргентинецот имал дури 70 додавања за шут, што е трет најдобар биланс во лигата зад Паскал Грос и Кевин де Брујне. Како најголем недостаток на Буендија е тоа што има слаба реализација. Иако игра офанзивно, уште нема постигнато ниту еден гол. Сепак, тоа не треба да е проблем, затоа што неговата главна задача би била да ги разигрува соиграчите.

Норич сезонава е на последното место во Премиер лигата и доколку не успее да се спаси, повеќе од сигурно е дека Буендија ќе си замине, а тоа е шанса Манчестер сити да добие квалитетен играч за евтина сума.

Погледнете дел од квалитетите на Буендија, кој како младинец бил дел од школата на Реал Мадрид, а има играно и во шпанскиот Хетафе.

https://youtu.be/bE–8Lg5CKw

- Оглас -

Најнови вести