Манчестер сити направи нешто што не му успеало на ниеден тим во историјата на Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити го разби Њукасл со 5-0 и стана првиот тим во историјата на Премиер лигата од којшто дури петмина различни играчи постигнале двоцифрен број голови во една сезона. Серхио Агуеро даде 16, Рахим Стерлинг 14, Кевин де Бројне и Габриел Жезус по 11, а Ријад Марез 10 погодоци сезонава.

Вечерва погодија Жезус, Стерлинг и Марез, гостите си дадоа еден автогол, а најубав беше четвртиот гол, кој беше дело на ветеранот Давид Силва, кој со 34 години е втор најстар, по Златан Ибрахимовиќ, во последните сезони кој имал и гол и асистенција на еден премиерлигашки дуел.

Шефилд јунајтед со гол во 94-тата минута го победи Вулверхемптом и сега Шефилд е седми, место кое води во квалификациите за Лигата на Европа.

Погледнете го голот на вечно младиот Шпанец од слободен удар:

https://www.youtube.com/watch?v=fiHwf-I8txQ

- Оглас -

Најнови вести