Манчестер сити од вечерва ќе биде нов лидер во Премиер лигата

Лајпциг – Волфсбург (18:30 ч.)

Овој меч е дерби на денот во Германскиот куп. Двата тима имаат квалитет, а тоа го покажуваат и во Бундеслигата, каде што се на позиции кои носат излез во Европа. Лајпциг сезонава е одличен на свој терен и во 10 меча во првенството има дури седум победи и две ремија. Сепак, Волфсбург е еден од најопасните гости тимови на гостински терен и има шест победи во Бундеслигата. Токму затоа се очекува погодоци.

Предлог тип: Т12+&ГГ (2.65)

 

Евертон – Манчестер сити (20:45 ч.)

Манчестер сити има голема шанса по подолго време да се најде на чело на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ вечерва гостуваат кај Евертон и со евентуален триумф, ќе се искачат на првото место на табелата. Актуелниот првак моментно има три бода помалку од Ливерпул, но има подобра гол-разлика, па ако вечерва стигне до 62 бода, ќе биде на чело на табелата.

Да биде уште поболно за Ливерпул, Сити во градот на Битлсите ќе атакува на врвот. Евертон сезонава игра солидно, а и последните меѓусебни дуели против „граѓаните“ им влеваат надеж дека може да изненадат. На последните осум средби на овие два тима, Сити победил трипати, Евертон се радувал двапати, а три меча завршиле без победник. Сепак, мотивот на Сити и квалитетот треба да преовладеат.

Предлог тип: 2&2-4 (2.20)

 

Барселона – Реал Мадрид (21 ч.)

За сè што сакате да прочитате за Ел Класико, можните состави, анализа и меѓусебни дуели, прочитајте ТУКА. Ова едноставно е дерби на кое секогаш се очекуваат голови.

Предлог тип: 1+I и 2+II (2.35)

 

Херта – Баерн Минхен (20:45 ч.)

Можеби во најнезгоден момент е гостувањето на Баерн Минхен кај Херта. Баварскиот гигант загуби во првенството од Баер Леверкузен, а сега гостува во Берлин, каде што и нема добар биланс. Во есенскиот дел од сезоната, Херта без проблеми со 2-0 го победи шампионот.

Ако се погледнат последните четири меѓусебни средби, Баерн нема победа. Освен поразот на последниот меч, има и три нерешени средби. Баерн во септември 2016 година последен пат се радувал против Херта. Ако се знае дека „баварците“ полека заостануваат во трката за титулата, трофејот во Купот би им било како утеха, па затоа и се очекува триумф на гостите.

Предлог тип: 2&2-4 (2.12)

 

Бенфика – Спортинг (21:45 ч.)

На Пиринејскиот Полуостров освен Ел Класико во Шпанија, ќе има дерби и во Португалија, и тоа во тамошниот Куп. Ова ќе биде втор меч само за три дена меѓу Бенфика и Спортинг. Во првенството, Спортинг беше домаќин, а Бенфика победи со 4-2. Сега, во првиот меч од Купот, Бенфика игра на свој терен и повторно ја има улогата фаворит.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

 

- Оглас -

Најнови вести